Британските ловци ,,Тајфун” пресретнале руски воени авиони

Британија од аеродромот Амари во Естонија два пати за два дена ги полета своите борбени авиони Тајфун, за да пресретнат руски воени авиони.

Тајфуните полетале вчера за да пресретнат два руски воени авиона СУ-27 и ИЛ -22 и ги упатиле назад кон Русија. Еден ден пред тоа добиле наредба да полетаат за да одговорат на прелетите на руските авиони долж балтичкиот брег , кои летале во насока кон Калининград.

Британија минатиот месец од Германија го презеде надгледувањето на овој воздушен простор , како дел од мисијата на НАТО.

притисни ентер