Ева Херцигова ги збуни сите на вечерата во Кан (ФОТО)

Поранешната манекенка, Ева Херцигова во Кан се појави во целоснио проѕирен фустан , а годините не и пречеа да покаже дека уште е во форма.

Ева Херцигова (46) беше специјална гостинка на вечерата што синоќа се одржа во луксузниот ресторан Fred l'Ecailler во Кан , а ја организираа модната куќа Диор и магазинот Вог Париз.

Чешката убавица за овој настан се облече во фустан проѕирен во горниот дел , па не зачудува што на вечерата сите зборувале за неа.

Ева на Филмскиот фестивал во Кан дојде како заштитно лице на куќата Диор , а со својата појава покажа дека на прагот на 47. година изгледа исто гламурозно како и на врвот на својата слава како топ манекенка.

Мадона одговори на критиките по очајниот настап на Евросонг

Една од главните теми на социјалните мрежи е очајниот настап на Мадона на Евросонг.

Кралицата на поп музиката во ревијалниот дел на фестивалот имаше настап и отпеа две песни, за што заработи 2 милиони долари.

Но , нејзиниот настап од милиони на социјалните мрежи беше оценет како дебакл, со фалшеви кои ги коментираа и музичарите , како и гледачите на Евросонг.

Мадона реши да се огласи на Инстаграм по коментарите на нејзиното пеење. Таа објави фотографија во костумот од Тел Авив , со коментар ,, Мадам Х не слуша зло.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Madame ❌ Hears no Evil............... #future #eurovision #madamex

A post shared by Madonna (@madonna) on

Само ќерката на Ален Делон не го навреди и му ја даде Златната палма во Кан

Легендарниот актер Ален Делон имаше проблеми поради своите ставови , а беше организирана и петиција за да не му се додела Златната палма во Кан за животно дело.

Сепак легендарниот актер Ален Делон (83) ја прими наградата , а му ја додели неговата ќерка Анушка Делон (28) , која исто така е актерка.

Јунакот на филмовите ,,Самурај” и ,,Замрачување”  се соочи со бојкот дури и од неговите колешки , како на пример Салма Хајек , која не дојде во Кан поради ставовите на Делон во врска со истополовите бракови и нивните барања за посвојување деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#cannes2019 #cannes2019 #stopviolence #metoo #stopviolenceagainstwomen #alaindelon ❤️✊🏻

A post shared by Sand Van Roy (@sandvanroy) on

Делон јавно се фали и дека бил голем шармер и имал многу жени , поради што беше покрената петиција и собрани над 20 000 потписи за да не му се даде наградата за животно дело на Канскиот филмски фестивал.

Иако Делон ја доби наградата ,с епак тоа не помина без скандал. Откако беше прикажан и филмот ,,Господин Клајн “ од 1976 во кој Делон ја игра главната улога на црвениот тепих се појави актерката Санд ван Рој (28).

Таа на грбот имаше привремена тетоважа и напис ,,Стоп за насилство над жените”. Оваа актерка лани го обвини режисерот Лук Бесон (60) за силување , во чиј филм глумела во 2017. , но немало судење поради недостаток на докази.

Затворска драма на Британка која чека стрелање, додека виновникот ужива во луксузни хотели (ВИДЕО)

Британката Линдзи Сандифорд , која е осудена на смртна казна на Бали поради криумчарење дрога.

Британката веќе шест години чека на извршувањето на смртната казна и вели дека подобро би сакала да ја егзекутираат , отколку да чека. Таа има 62 години и затворските денови ги мунува во плетење играчки и облека за своите внуци.

Во исто време со неа биле уапсени уште тројца Британци , но по извесно време биле екстрадирани во Британија , каде се ослободени.  Линдзи на својата цимерка Хедер Мак и раскажала дека и е доста од чекање.

Американката раскажува дека во затворот се зближила со Линдзи и кон неа се однесувала како кон ќерка. 23- годишната Американка , осудена за убиство на својата мајка , вели дека Британката била активна во разни групи во затворот , но дека во поселдно време се изолирала и барала да ја стрелаат што побргу.

Сандифорд е осудена на смртна казна во 2013. , откако на суд изјавила дека британски криумчари ја принудиле да пренесе кокаин од Тајланд на Бали.

Наводниот водач на групата 50 – годишниот Џулијан Пондер од Брајтон е пуштен во 2017 од затвор , откако се прочуло дека платил повеќе милиони фунти мито за да го ослободат .

И додека 62- годишната баба чека стрелање, организаторот на шверцот на кокаин ужива во хотелите во Тајланд и Малезија во друштво со својата 23 – годишна девојка.

притисни ентер