Беше ѕвезда на шпанската фудбалска лига , а сега служи пици (ВИДЕО)

Дарио Силва , уругвајскиот напаѓач , кому сите му предвидуваа одлична кариера , сега работи како келнер во пицерија .

По тешката сообраќајна несреќе Дарио Силва го заборави фудбалот и се вработи во пицерија. Тој беше офанзивец на Еспањола , на Малага и на Севиља. Во 2006 година пијан налњетал на бандера и во несреќата ја изгуби десната нога.

Сфатил што му се случило отако видел на телевизија , по операцијата што траела четири часа. Заплакал , но веднаш решил дека ќе продолжи со животот. Се обидел да одгледува тркачки коњи , потоа се занимавал со веслање и се обидел во тој спорт да се квалификува за Олимписките игри во Лондон во 2012 .

Подоцна се кандидирал за градоначалник на местото Роха , но оваа авантура немала среќен крај.

Денеска повторно е во Шпанија , каде работи како келнер во пицерија. Тврди дека менаџерите му ги украле сите пари заработени во текот на кариерата , па сега мора да преживува со работа во пицеријата.

Силва во кариерата во Премиер лигата, во тимот на Портсмаут и во шпанскотм пповенство постигнал 100 гола . За репрезентацијата на Уругвај има 49 настапи со постигнати 14 гола.

притисни ентер