Австрија забрани носење шамии во основните училишта

На предлог на десните партии австрискиот парламент донесе забрана за носење на шамии во основните училишта.

Пратениците од Долниот дом на австрискиот парламент усвоија закон со кој се забранува носење шамии во основните училишта на предлог на владејачката десница.

Во законот се наведува дека забраната се однесува на секаков вид облека со идеолошка или верска конотација со кој се прекрива главата. Десничарските пратеници јасно ставија до знаење дека забраната се однесува на муслиманските шамии.

Се нагласува дека забраната не се однесува на Евреите кои носат капчиња.

Муслиманската организација во Австрија , ИГГО , остро реагираше на овој закон нарекувајќи го бесрамен.  

притисни ентер