Голема група сајбер криминалци од сметките на 40 000 луѓе украле 100 милиони долари

Полицијата во шест земји разбила голема сајбер криминална мрежа , кои делувале од Источна Европа и од оштетените , меѓу кои и сметките на фондови и хуманитарни организации , украле над 100 милиони долари.

Според европската агенција Еуропол , мрежата е наречена ГозНим , а ја предводел маж од Грузија. Групата инфицирала компјутери на 41 000 корисници на електронска пошта. хакерите од Бугарија и од Украина потоа влегувале на нивните банкарски сметки и ги префрлале парите на други сметки.

,,Меѓу жртвите се семејни компании , адвокатски канцеларии, меѓународни корпорации , непрофитни организации , кои се занимаваат со деца со посебни потреби и многу други.” изјави американскиот обвинител Скот Бреди на прес конференцијата во Хаг.

Акцијата против мрежата сајбер криминалци почнала во 2016 во Украина . На водачот на криминалната група ќе му се суди во Грузија , а на другите во Молдавија, Украина и во САД.

Петмината Руси , кои го развиле штетниот софтвер, и натаму се на слобода.

притисни ентер