Чистачи на прозорци преживеаја хорор во невремето во Оклахома (ВИДЕО)

По драматична акција на спасувачките тимови , пожарникарите успеаја да ги спасат чистачите на прозорци , кои се нишаа во нивната метална конзола на стотина метри височина.

Двајцата работници имаа среќа што останаа живи , зашто металната конзола целосно неконтролирано почна да се ниша од врвот на облакодерот во Оклахома, САД.

Конзолата при нишањето скрпшила неколку прозорци , но за среќа чистачите , кои биле во неа се неповредени. Пожарникарите успеале да ги стабилизираат каблите , откако претхорно пропаднал обидот до работниците да се дојде со хеликоптер , што бил попречуван од силните удари на ветрот.

Пожарната служба на Оклахома соопшти дека двајцата чистачи на прозорци се пренесени во болница , поради можни повреди додека се превртувале по конзолата.

притисни ентер