Власта и опозицијата на Венецуела преговараат во Норвешка

Во Норвешка во тек се преговорите меѓу власта и опозицијата во Венецуела , потврди денеска амбасадорот на оваа земја во ОН во Женева, Хорхе Валеро.

На преговорите претставниците на власта и на демократската опозиција се обидуваат да најдат излезно решение за земјата по неуспешниот бунт против претседателот Николас Мадуро.

,,Да, се водат преговори меѓу владата и демократскиот дел на опозицијата.” , потврди амбасадорот Валеро на прес конференцијата , каде го осуди мешањето во внатрешната политика на Венецуела од страна на САД.

Нарекувајќи го Мадуро диктатор , американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри санкциите против неговаста влада и државната компанија за нафта, додека во исто време му помогна на опозиционерот Хуан Гваидо да се прогласи за претседател.

Амбасадорот Валеро го нарече Трамп воен злосторник , кој поттикнува во Венецуела да избувне граѓанска војна.

притисни ентер