Гладна лавица нападна 4 – годишно девојче , кое остана без скалп

Четиригодишно девојче заврши во кома по бруталниот напад во парк во Јужноафриканската Република.

Малата Дина- Мари де Беер со своето семејство ја посетиле фармата за лавови Валтверде. Таткото го носел девојчето во раце, кога гладна лавица  скокнала и му ја грабнала од раце. Од управата на паркот велат дека таткото преблизу се шетал до кафезите , кога наеднаш лавицата замавнала низ решетките и на девојчето со канџите му го скинала скалпот.

Таткото Питер поминал само со лесни повреди , додека на малечката Дина и го скинала скалпот и го повредила черепот.

Девојчето итно било пренесено во болницата во Албертон , каде докторите и отстраниле дел од черепот за да го намалат притисокот на мозокот.

Девојчето сега е во индуцирана кома.По страшната несреќа , фармата Валверде изрази сочуство со семејството на девојчето и надеж дека ќе се спаси , додека за туристите објави посебни предупредувања да не се приближуваат до кафезите.  

притисни ентер