Трамп прогласи вонредна состојба поради Хуавеј – Кинезите му одговорија

Откако САД ја стави на црна листа телекомуникациската компанија Хуавеј, од Кина одговорија дека нема да бидат репресивни кон американските компании доколку работат законски.

Кина побара од САД да заврши со погрешниот пристап , откако претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во земјата со забрана за набавка на опрема нас американските компании од телекомуникациската компанија Хуавеј.

,,Доколку кон кинеските комапнии се постапува на нечесен начин , кинеската страна секако дека ќе има сила за преземе неопходни мерки за да ги заштити своите законски права. “ изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг.

Белата куќа објави дека потегот на претседателот е во согласност со неговата решителност да ја заштити американската информатичка и телекомуникациска технологија и услуги.

Во екот на напнатоста меѓу Вашингтон и Пекинг , Трамп донесе извршна уредба со која на Министерството за трговија му се дава овластувања да забрани водење бизнис со одредени партнери од странство.

притисни ентер