Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Филип Петровски и Сафет Бишевац

Дами и господа, и денеска продолжуваме неуморно во потрагата по единствената вистина.

На пултот во само вистина своите ставови ќе ги вкрстат Филип Петровски и Сафет Бишевац.

Кој кому прв ќе подаде рака во духот на граѓанското помирување? Може ли новиот претседател да допринесе за создавање на пристојно ниво на политичка култура?

Кој снима во такси автомобилите, и дали постои канабис масло на грамажа? Дали самопријавувањето на Павле Богоевски е висок политички чин?Дали бомбата за Богоевски е само обид за одвлекување на вниманието од „метлата“?

„Метлата“ ќе заигра следниот месец, но на Заев му се „испушти“ дека нема да се чепка „дворот“ на ДУИ без дозвола на Ахмети – Дали ова може да го наруши процесот на реконструкција онаков каков што навистина го очекува јавноста? Дали приоритет треба да биде прво расчистување на партискиот „двор“ а дури потоа да се мисли на градоначалници и министри?

Турбо работата на Антикорупциска – успешно детектирање на слабостите и преземање одговорност или само „мачкање очи“? Не делат две недели од Извештајот на Европската комисија, а од решение за СЈО „абер нема“ – може ли одолговлекувањето на новиот закон сериозно да ни ги помати ЕУ плановите?

Што ќе извади од овој ќорсокак? Гледајте САМО ВИСТИНА со Филип Петровски и Сафет Бишевац само на Канал 5 Телевизија.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер