Видео: Годините не му можат ништо, Мик Џегер повторно „џуска“

Лидерот на легендарните „Ролинг Стоунси“ Мик Џегер повторно танцува и покажува дека се уште не е за пензија.

Џегер на Титер објави видео на кое може да се види како повторно танцува во свој стил , со што според Ројтерс покажува дека се вратил во форма по операцијата на залистокот на срцето.

75- годишниот Џегер според она што може да се види во видеото е во одлична форма,  дури и додека танцува и ги прави  своите вообичаени чекори кои се неговиот заштитен знак.

Дневен хороскоп за 19. септември 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 19. септември 2019 година . 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. Не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Пума се заглавила во тоалет на пензионери од Калифорнија (ВИДЕО)

Повозрасна брачна двојка од Калифорнија не можела да си поверува на очите , кога виделе во нивната бања вистинска пума.

Додека во неделата вечерта гледале теклевизија, во куќата им влегла пума , зашто заборавиле да ја затворат вратата. Едвард и Кети Садат од местото Сонора само слушнале како некој ја треска влезната врата.

Наеднаш, 84- годишните пензионери се нашле очи во очи со дива пума. ,,Me допре со опашката , толку ни се приближи" , вели Едвард.

Животното се затрчало во бањата , од каде не можело да излезе. Пензионерите , целите во шок , се заклучиле во другата соба и повикале полиција.

Полицајците повикале помош од Одделот за заштита на животните , кои го скршиле прозорецот од бањата и и помогнале на пумата да се врати од каде што дошла.  

Канаѓанец за малку ќе се удавел , кога видел што има во базенот (ВИДЕО)

Канаѓанецот Мајк Рубин за малку ќе се удавел од изненадување кога видел што му ја блокира пумпата на базенот.

Снимката на Рубин се рашири на социјалните мрежи и за само еден ден ја погледнаа илјадници. Тој мирно проверува што му ја блокира пумпата на неговиот базен.

Наеднаш од базенот искокнува зајак , а Рубин од шок паѓа во базенот.

притисни ентер