Тензично и само со тројца обвинети почна јавната седница во Апелација за „Диво Насеље“

​Во тензична и напната атмосфера денеска започна седницата во Апелација по жалбите на осудените за Диво Насеље.

 Иако на почетокот побараа едноминутно молчење за сите загинати во инцидентите, обвинетите Генц Сефа и Валдет Зекај бараа да прочитаат заедничка изјава во име на сите обвинети. Ова не го дозволи судијката Цвентанка Периќ која беше на чело на судечкиот совет со образложение дека се на јавна седница. По ова следуваа низа навреди и пцовки упатени кон судот на албански јазик.

“Ние не ве признаваме како држава. Ова е и ќе биде Албанија”, рече Зекај.

 “Не го признаваме овој суд. Бараме меѓународна истрага”. – беа дел од навредите упатени кон судиите. Рекоа и дека судиите се дојдени тука, а не тие, обвинетите, дека тие се „автохтони“, и дека „ова овде е Албанија“.

По предупредувањето на судијката тие решија да го напуштат судењето. Со лисици на раце беа вратени во затворот во Идризово. Во заедничката изјава тие бараат:

ТЕЛОП Барања на обвинетите за Диво Насеље

Премиерот Зоран Заев да ги изнесе доказите дека овој случај е политички монтиран, дека бил замка подготвена од власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во телефонски разговор Артан Груби и Али Ахмети не прелажаа дека можеме да се предадеме со посредство на ОБСЕ.  Да се објави целата снимка од полициската акција за да се види дека командантите Бег Ризај и Мирсад Ндрецај беа убиени откако ѝ се предадоа на полицијата.

Откако заминаа од судницата јавната седница продолжи. Судијката Периќ образложи дел од првостепената пресуда напишана на околу 700 страници. Адвокатите утре ќе ги изнесат нивните аргументи.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина, останатите добија казни затвор од 12 до 40 години, а четворица беа ослободени.

Јавната седница во Апелациониот суд се одвива под силно полициско обезбедување.

Милијардер го отплатил студентскиот долг на целата генерација

Околу 400 дипломци на колеџот ,,Морхаус “ во Атланта добиле неочекува и голем подарок.

Дипломците во Атланта , во американската држава Џорџија добија неочекуван подарок за крајот на школувањето. Милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација дипломци во износ од 40 милиони долари.

Пред да им ги исплати долговите на студентите за школување , овој технолошки инвеститор на универзитетот му подарил 1,5 милион долари.

Со милкшејк нападнат најголемиот приврзаник на Брегзитот (ВИДЕО)

Необичен напад преживеа лидерот на британската партија за Брегзит , Најџел Фараж во градот Њукасл.  

Лидерот на партијата шетал низ градот , кога му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк , упатувајќи му навреди.

До нападот дошло откако фараж иммсе обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.

Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер , кој веднаш беше уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво. Пред нападот објавил фотографија на милкпшејк , кој потоа го фрлил врз политичарот.

На Твитер се огласи и напаѓачот кој напиша дека е задоволен што успела да го погоди Фараж , како и нападнатиот кој изрази револт поради радикализацијата на оние кои сакаат Британија да остане во Европската Унија.

Еколошка катастрофа – Уништени плажи од разгледниците(ВИДЕО)

Шокантното видео ги прикажува плажите на Кокосовите острови , кои порано беа главен мотив на разгледниците за рајски острови.

Плажите сега се затрупани со 238 тони пластични отпадоци. Инаку , овие острови и припаѓаат на Австралија и се наоѓаат во источниот дел на Индискиот океан.

Порано беа опишувани како ,,рај на земјата”. населени се само два од вкупно 27 корални острови , каде живеат околу 600 жители. На островите растат кокосови палми и се опкружени со кристално тиркизна вода. Но , научниците открија шокантен податок дека овие острови се прекриени со пластичен отпад , 11 пати повеќе од каде било на земјата , ако се спореди територијата на островите.

Пластичниот отпад на овој остров е за еднократна употреба и океанот го нанесува на плажите.

Др. Анет Фингер од Универзитетот Виктоириа во Мелбурн вели дека е вознемирувачки што производството на пластика и натаму е во пораст. Речиси половина од пластиката произведена во последните 60 години е со производство од последните 13 години.

Вели дека во 2010 во океаните завршиле 12,7 тони пластика , а од произведената пластика дури  40 проценти станува отпад уште истата година.

Како резултат на прекумерната употреба на пластика за еднократна употреба Фингер смета дека до сега во океаните се насобрале 5,25 трилиони парчиња пластичен отпад.

притисни ентер