Кога кинескиот претседател критикува:Нашата земја е голема, но не и силна

“Ахиловата пета“ на Кина е недостатокот на иновации, наведува во авторскиот текст за “Чиш и“ претседателот на Кина, Си Џинпинг.

Си во текстот за овој весник ја критикуваше и кинеската економија.

„Иако нашата економија стигна на второто место во светот, голема е, но не и силна, пренадуваноста и кревкоста се многу присутни. Тоа посебно се отсликува во недостатокот на иновации, што е “Ахилова пета“ на нашата економија“ – порачал Си.

Според неговите зборови, технолошкото ниво на Кина и понатаму е ниско на глобално ниво.

„Средината во која се отвораме и развиваме е подобра од претходно. Во исто време, ризиците и игрите со кои се соочуваме се без преседан. Доколку не бидеме претпазливи, можеби ќе паднеме во замката кои другите ја поставиле“ – смета претседателот на Кина.

притисни ентер