ГАЗДИНСКИ ПРИЛЕПСКИ ЗЕЛНИК СО СПАНАЌ

Рецепт на: Драгица Петреска  Гледајте „Избор на најдобри рецепти“, секој ден од понеделник до четврток во 10.00 часот.

Потребни состојки: 1 кг брашно, 500 гр. спанаќ, 300 гр. сирење, 5 јајца, 1 филџан масло, ½ коцка квасец, 1 маргарин, малку палента, 2 лажички сол и 1 лажиче шеќер.

Постапка:

Во подлабок сад се става: брашно, 2 лажички сол, 1 лажиче шеќер, ½ коцка квасец и 1 јајце.

Се додава млака вода и масло и се замесува тесто.

Тестото требa добро да се измеси со рацe.

Откако ќе се измеси тестото се дели на 2 дела и се остава да отстои малку.

За тоа време се подготвува зарзаватот.

Сечканиот спанаќ се посолува, се поросува со палента и се гмечи со раце.

Се матат 4 јајца и во нив се додава дробено сирење.

Добиената смеса се додава во спанаќот, се додава малку масло и се меша.

Од едниот дел се сука поголема кора и се премачкува со ½ маргарин.

Се сече во форма на полжав, се витка како клопче и се остава да отстои.

Истата постапка се повторува со вториот дел од тестото.

Првото тесто се расукува во кора со големина колку тепсијата.

Откако ќе се оформи кората се става во претходно премачканата тепсија со маргарин.

Одозгора се распоредува претходно подготвениот зарзават со спанаќ, сирење и јајца.

Од второто тесто се суче поголема кора и се реди врз зарзаватот.

Се прават витки по краевите и се попарува со 100 мл. врело масло.

Се пече во загреана рерна 10 минути на 250 степени.

Потоа се намалува на 170 степени и се пече уште 20-тина минути.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер