Потребни состојки: 4 парчиња стек, 200-300 гр. спанаќ, 4-5 лажици рикото кремасто сирење, 200-300 гр. ориз, 500 гр. златна мешавина, 1 страк млад кромид, масло по потреба, сол, зачин од сув зеленчук и бибер по вкус.
Постапка:
Во тава со загреано масло малку се пропржува сечкан спанаќ.
Потоа се зачинува со малку сол и се додава 4-5 лажици рикото сирење.
Парчињата стек се сечат на половина, се посолуваат и се полнат со смесата од сирење и спанаќ.
Полнетите парчиња стек се ставаат во тепсија и се печат во загреана рерна околу 25 минути на 220 степени.
Додека се пече полнетиот стек се подготвува прилогот.
Оризот се става во тенџере со вода за да се свари.
За тоа време во тава со загреано масло се пропржува сечкан млад кромид.
Потоа се додава варениот ориз и варената златна мешавина.
Сите состојки се пропржуваат со постојано мешање и се зачинуваат со сол, зачин од сув зеленчук и бибер по вкус.
Прилогот се сервира заедно со полнетиот пилешки стек.