Италија сака Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ

 Италија останува на позицијата дека Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Првата можност за тоа е на состанокот на Европскиот совет во јуни веднаш по европските избори, изјави денеска италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

– Сметам дека ова е важен момент за регионот, а особено за  Македонија. Од секогаш ја поддржуваме евроатлантската перспектива со сите реформи што земјата мора да ги спроведе, но битна е и пораката што ЕУ ќе им ја даде на Северна Македонија и на Албанија, рече Ромео кој денеска имаше обраќање на Меѓународната академска конференција за европски интеграции „Иновирајќи ја Европа" организирана од Универзитетот Американ колеџ во Скопје и Римскиот универзитет Тор Вергата.

Тој посочи дека во контекст на реформите важни се оние во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите кои треба да се завршат. Смета дека на ЕУ и се потребни институционални реформи.

-Не верувам дека луѓето во Европа ја изгубиле довербата во ЕУ, постои само незадоволство од европските институции кои треба да бидат поблиску до граѓаните и нивните потреби. На Европа и се потребни институционални реформи, а на граѓаните им е потребна повеќе ЕУ, а не помалку, рече амбасадорот Ромео.

Ректорот на Римскиот универзитет „Тор Вергата", Џузепе Новели смета дека универзитетите ја зголемуваат и стимулираат можноста за проширување на Европа, затоа што вели, потребна ни е силна Европа.

-Очекувам по изборите во мај нов договор за универзитетите и нов договор за Европа, вели професорот Новели кој се залага за обединување на универзитетскиот систем во Европа./МИА.

Милијардер го отплатил студентскиот долг на целата генерација

Околу 400 дипломци на колеџот ,,Морхаус “ во Атланта добиле неочекува и голем подарок.

Дипломците во Атланта , во американската држава Џорџија добија неочекуван подарок за крајот на школувањето. Милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација дипломци во износ од 40 милиони долари.

Пред да им ги исплати долговите на студентите за школување , овој технолошки инвеститор на универзитетот му подарил 1,5 милион долари.

Со милкшејк нападнат најголемиот приврзаник на Брегзитот (ВИДЕО)

Необичен напад преживеа лидерот на британската партија за Брегзит , Најџел Фараж во градот Њукасл.  

Лидерот на партијата шетал низ градот , кога му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк , упатувајќи му навреди.

До нападот дошло откако фараж иммсе обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.

Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер , кој веднаш беше уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво. Пред нападот објавил фотографија на милкпшејк , кој потоа го фрлил врз политичарот.

На Твитер се огласи и напаѓачот кој напиша дека е задоволен што успела да го погоди Фараж , како и нападнатиот кој изрази револт поради радикализацијата на оние кои сакаат Британија да остане во Европската Унија.

Еколошка катастрофа – Уништени плажи од разгледниците(ВИДЕО)

Шокантното видео ги прикажува плажите на Кокосовите острови , кои порано беа главен мотив на разгледниците за рајски острови.

Плажите сега се затрупани со 238 тони пластични отпадоци. Инаку , овие острови и припаѓаат на Австралија и се наоѓаат во источниот дел на Индискиот океан.

Порано беа опишувани како ,,рај на земјата”. населени се само два од вкупно 27 корални острови , каде живеат околу 600 жители. На островите растат кокосови палми и се опкружени со кристално тиркизна вода. Но , научниците открија шокантен податок дека овие острови се прекриени со пластичен отпад , 11 пати повеќе од каде било на земјата , ако се спореди територијата на островите.

Пластичниот отпад на овој остров е за еднократна употреба и океанот го нанесува на плажите.

Др. Анет Фингер од Универзитетот Виктоириа во Мелбурн вели дека е вознемирувачки што производството на пластика и натаму е во пораст. Речиси половина од пластиката произведена во последните 60 години е со производство од последните 13 години.

Вели дека во 2010 во океаните завршиле 12,7 тони пластика , а од произведената пластика дури  40 проценти станува отпад уште истата година.

Како резултат на прекумерната употреба на пластика за еднократна употреба Фингер смета дека до сега во океаните се насобрале 5,25 трилиони парчиња пластичен отпад.

притисни ентер