Поплави во БиХ, снег во Црна Гора (фото/видео)

Во БиХ и понатаму се борат со обилните дождови кои предизвикаа изливање на реките поради кои е воведена вонредна ситуација и одбрана од поплави.

Најкритично е во Приједор и подрачјето околу овој босански град, каде под вода се 1.350 домаќинства, додека поплавени се околу 400 куќи, лизгање на земјиштето има на шест локации, а урнат е и пешачкиот мост преку реката Сана во Долнa Драготињa, пренесува сараевскиот портал Klix.ba.

 

Додека во северниот дел на Црна Гора деновиве падна и снег и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.

 

На Жабљак и натаму  паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.

Заврши централниот одбор на СДСМ

Предмалку заврши состанокот на централниот одбор на СДСМ на кој разговараше за актуелни прашања во државата и партијата.

Повеќе информации во видеото.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер