Танјуг: СПЦ за обнова на дијалогот со македонската црква

Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг цитирајќи ја „Политика".

Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера било единствена тема на претпладневното заседание на највисокото црквено тело.

Како што пренесе Танјуг, со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ-ОА, СПЦ ќе се занимава после заседанието на Соборот, Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Неименуван извор за „Политика" изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор". „Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која је под закрила на српската црква", пишува Танјуг цитирајќи го белградскиот весник.

Решението на СПЦ за обновување на преговорите со МПЦ следува по минатонеделната одлука на Синодот на Вселенската патријаршија да почне да го разгледува барањето на МПЦ за решавање на нејзиниот статус.

Вселенската патријаршија во соопштението по средбата не даде детали за разговорите за прашањето на МПЦ, но според верските аналитичари, самото ставање на оваа тема на дневен ред значи почнување на официјалната процедура за решавање на статусот на црквата во Македонија.

Медиумите во Србија во тој контекст потсетуваат и на неодамнешната изјава на рускиот патријарх Кирил дека Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио" за признавање на афтокефалноста и на Македонската православна црква.

– Синодот на Цариградската патријаршија почна официјално да го разгледува барањето, за што беше објавено и соопштение. Зошто Фанар би го разгледувал барањето ако, сепак, нема намера да го повтори „украинскиот рецепт" и за Скопје, рече патријархот Кирил во интервју за „Политика" минатиот месец. /МИА.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер