Ароганцијата и резултатите – главни критериуми за „метлата" на Заев

Ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните ќе бидат главните критериумите врз основа на кои премиерот Зоран Заев ќе ја реализира најавена  „метла" на крајот на мај и почетокот на јуни.

Ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, ќе бидат критериумите врз основа на кои премиерот Зоран Заев ќе ја реализира најавената „метла" на крајот на мај и почетокот на јуни.

Како што најави вчера, во почетокот на јуни ќе излезе комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции. Паралелно најави и промени во СДСМ.

Заев најави средба и со лидертот на коалициската ДУИ Али Ахмети за најавените промени на сите нивоа на власта.

– Главниот репер се граѓаните. Сите генерално очекуваме каде би се случиле промените. За мене нема пречки и предрасуди. Јас сум мандатор, мојата одговорност е да ги согледам укажувањата на граѓаните, да постапам по нив, да направам соодветни корекции, порача Заев.

Министрите велат дека ги поддржуваат најавените промени и ќе ја почитуваат одлуката ако ги зафати „метлата" на Заев.

Досега повеќе актуелни министри, меѓу кои и вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за информатичко општество и администрација и за образование и наука, најавија дека ја подржуваат најавената владина реконструкција, како и тоа дека ќе ја почитуваат евентуалната одлука за нивна смена од ресорните министерства.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла" од страна на премиерот Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.

Треба да има реконструкција, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но треба да има и смена на одредени кадри, врз основа на критериуми кои ќе бидат утврдени.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на најавите за промени  истакнува дека е задоволен од промените и реформите што се направени во Министерството и органите во негов состав, на кои, како што вели, се целосно посветени.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука и тој да биде зафатен со „чистката" на владините функционери. – Што и да одлучи апсолутно се согласувам со таа одлука, вели Манчевски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, пак, прашан дали ќе биде зафатен со „метлата", вели дека е фокусиран на активностите и работата во Министерството и ги преземаат сите активности според порано утврдената динамика.

Инаку, премиерот и претседател на СДСМ Заев најави дека по завршувањето на претседателските избори ќе дојде редот на „метлата" која ќе чисти во јавните претпријатија, министeрствата и Владата.

Тој посочи дека ќе има промени за да се отстранат слабостите во извршната власт и оти веднаш ќе почне со анализи во одредени консултации со првите соработници.

Веднаш по изборите стигна и првата оставка од министерот за култура Асаф Адеми која, како што рече премиерот Заев ја очекувал, бидејќи тој ја најавувал повеќе од шест месеци од здравствени проблеми. /МИА.

Милијардер го отплатил студентскиот долг на целата генерација

Околу 400 дипломци на колеџот ,,Морхаус “ во Атланта добиле неочекува и голем подарок.

Дипломците во Атланта , во американската држава Џорџија добија неочекуван подарок за крајот на школувањето. Милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го отплати студентскиот долг на целата генерација дипломци во износ од 40 милиони долари.

Пред да им ги исплати долговите на студентите за школување , овој технолошки инвеститор на универзитетот му подарил 1,5 милион долари.

Со милкшејк нападнат најголемиот приврзаник на Брегзитот (ВИДЕО)

Необичен напад преживеа лидерот на британската партија за Брегзит , Најџел Фараж во градот Њукасл.  

Лидерот на партијата шетал низ градот , кога му пришол 32- годишен маж и го полил со милкшејк , упатувајќи му навреди.

До нападот дошло откако фараж иммсе обратил на приврзаниците на партијата во рамки на кампањата за евоизборите.

Полицијата го идентификува напаѓачот како Пол Краутер , кој веднаш беше уапсен. Медиумите пишуваат дека станува збор за приврзаник на владејачките лабуристи и дека произведува свое пиво. Пред нападот објавил фотографија на милкпшејк , кој потоа го фрлил врз политичарот.

На Твитер се огласи и напаѓачот кој напиша дека е задоволен што успела да го погоди Фараж , како и нападнатиот кој изрази револт поради радикализацијата на оние кои сакаат Британија да остане во Европската Унија.

Еколошка катастрофа – Уништени плажи од разгледниците(ВИДЕО)

Шокантното видео ги прикажува плажите на Кокосовите острови , кои порано беа главен мотив на разгледниците за рајски острови.

Плажите сега се затрупани со 238 тони пластични отпадоци. Инаку , овие острови и припаѓаат на Австралија и се наоѓаат во источниот дел на Индискиот океан.

Порано беа опишувани како ,,рај на земјата”. населени се само два од вкупно 27 корални острови , каде живеат околу 600 жители. На островите растат кокосови палми и се опкружени со кристално тиркизна вода. Но , научниците открија шокантен податок дека овие острови се прекриени со пластичен отпад , 11 пати повеќе од каде било на земјата , ако се спореди територијата на островите.

Пластичниот отпад на овој остров е за еднократна употреба и океанот го нанесува на плажите.

Др. Анет Фингер од Универзитетот Виктоириа во Мелбурн вели дека е вознемирувачки што производството на пластика и натаму е во пораст. Речиси половина од пластиката произведена во последните 60 години е со производство од последните 13 години.

Вели дека во 2010 во океаните завршиле 12,7 тони пластика , а од произведената пластика дури  40 проценти станува отпад уште истата година.

Како резултат на прекумерната употреба на пластика за еднократна употреба Фингер смета дека до сега во океаните се насобрале 5,25 трилиони парчиња пластичен отпад.

притисни ентер