Технолошките гиганти ветија дека ќе ги сузбијат терористичките содржини на интернет

На состанокот во Париз , првите луѓе на Фејсбук , Амазон , Гугл , Твитер и Мајкрософт се обврзаа дека ќе ги сузбијат терористичките содржини на интернет.

Фејсбук , Амазон , Гугл , Твитер и Мајкрософт заедно ќе развијат алатки за откривање и бришење на терористички и екстремистички амтеријали и содржини. Тоа го ветија на самитот во Париз , организиран по нападот во Ниов Зеланд , кога терористот вршеше директен пренос од масакрот во две џамии.

Состаникот го организираше францускиот претседател Емануел Макрон и новозеландската премиерка Џосинда Ардерн под мотото ,,Повик од Крајстчрч” .  

На иницијативата се придружија дваесетина светски лидери , како канадскиот премиер Жастин Трудо, норвешката премиерка Ерна Солберг , а на состаникот присуствуваа јирданскиот крал Абдулах , сенегалскиот претседател Маки Сел , британската премиерка Тереза Меј , како и директорите на технолошките компании .

Но , ветувањето нема обврзувачки картактер , така што некои го протолкуваа како збир на убави желби.

притисни ентер