Вознемирувачко видео од градски автобус – Девојка исфрла постар човек , кој и приговарал за однесувањето

Полицијата во Лас Вегас објави снимка од безбедносната камера во градски автобус на која се гледа како девојка го турна старецот , кој удри со глава на тротоарот.

Инцидентот се случил на 21 март , а денеска полицијата го објави видеото . На него се гледа како 74- годишниот Серж Фурние е исфрлен од автобусот од девојка , а потоа паднал на глава.

Од задобиените повреди старецот починал во болница. Полицијата ја упаси 25 – годишната Кадеша Бишоп , а против неа е покренато обвинение за убиство.

На видеото се гледа како Бишоп со двете раце го турка Фурние од автобусот . Несреќниот маж , кој се движел со помагало , паднал со лице на тротоарот.

Тој реагирал на однесувањето на девојката , која во автобусот викала и ги пцуела патниците , на што таа се разлутила.

притисни ентер