Почина познатиот актер Миша Јанкетиќ

Денеска во Белград на 81 година почина актерот Михајло Миша Јанкетиќ , познат по бројните улоги во филмови и телевизиски серии.

Најголем број од улогите ги има одиграно во Југословенскиот драмски театар . Остави забележителна трага и во филмската уметност во регионот , како и во телевизиските серии , меѓу кои Сивиот дом , Отпишани, Салаш во Мали Рит , Подобар живот...

Добитник е на сите значајни актерски награди , од кои последната е наградата ,,Павле Вуисиќ” за животно дело. Роден е на 24 мај 1938 година во Нови Сад , а во 1962 дипломираше актерство на Академијата во Белград.

Беше професор на Академијата за уметност во Нови Сад.

притисни ентер