Тито Петковски во „Само вистина“

Вечерва гостин во „Само вистина“ беше Тито Петковски.

Потребно ни е пристојно ниво на политичка култура и мислам дека кога Пендаровски зборува за граѓанското помирување не мисли и за простување на криминалот, рече Петковски.

Не знам колкав замав ќе земе „метлата“ на Заев но мислам дека прво треба да се изведат на чисто работите во „дворот“ на СДСМ, вели Петковски.

ДУИ само се испофалија дека завршиле работа на изборите, а ВМРО-ДПМНЕ направи кардинална грешка што за време на кампањата им се обраќаше само на Македонците, дециден е Петковски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Царовска: Вработените во градинките добиваат за 16 отсто повисоки плати

Вработените во градинките од јуни добиваат за 16 отсто повисоки плати, што е најголемо покачување досега, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната средба со вработените од градинките.

На оваа средба беше презентиран новиот систем за плати.

– Среќна сум што кадарот во градинките, заслужен за грижата на нашите деца, кои се иднината на нашата држава, добија драстично зголемување на платите. Почнувајќи од јунската плата која на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар доби зголемување во просек од 16 проценти, што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен, рече Царовска.

Во септември, како што најави таа, вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од пет проценти, со кое вработените во детските градинки во Македонија добиваат покачување на платите за 21 отсто што е најголемо до сега.

– Нето платата на воспитувач со високо образование се зголемува за 16,26 отсто односно од 20.546 денари на 23.731 денар, а со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж ќе изнесува 25.511 денари. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него ќе бидат опфати 3.138 од вкупно 4.577 вработени, односно 68,5 отсто, истакна министерката.

Во оваа група, како што додаде Царовска, влегуваат воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Истовремено, се зголемуваат и платите на помошно техничкиот пероснал во градинките и ова покачување е утврдено со колективниот договор.

Царовска нагласи дека првпат се воведува кариерен развој на воспитувачите/ките, но и систем на плати за директорите/ките на градинките, чија висина ќе варира од капациетот на бројот на децата. Министерството за труд и социјална политика, како што додаде таа, продолжува посветено да работи на унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете.

– Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции го враќаме достоинството на професијата воспитувач која што беше заборавена години наназад, рече Царовска.

Директорката на градинката „Мајски цветови" во Карпош, Ангела Ангеловска Усевска, која се обрати во името на сите вработени во градинките, рече дека првпат по долго време во предучилишното образование и воспитание се случуваат позитивни промени.

– Првпат е пропишан кариерен развој и се воведува напредување на стручниот кадар, што ќе делува мотивирачки на вработените кои и досега и покрај ниските примања беспрекорно ја извршуваа својата работа и беа ентузијасти. Ова е мотив плус да дадат се од себе, бидејќи ова е професија која пред сѐ бара љубов кон децата, нагласи Ангеловска Усевска.

Заложба на МТСП е опфатот на деца во предучилишно образование да се зголеми за 50 отсто. Во изминатите две години се отворени 24 нови објекти, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките. За изградба на нови градинки годинава МТСП издвои 300 проценти поголем буџет од лани, а за оваа намена се достапни и 15 милиони евра од Светска Банка. /МИА

Каракачанов: Владите на Заев и Борисов за две години направија повеќе од сите останати влади за 20 години

Владите на премиерите Зоран Заев и на Бојко Борисов за две години направија повеќе отколку сите останати влади во Скопје и Софија во изминатите дваесет години, изјави денеска во Охрид бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Каракачанов нагласи дека научниците и професорите треба да изнајдат решенија, во насока на унапредување на добрососедските односи и соработката во иднина.

– Македонија во Бугарија има пријател, партнер и фактор што ќе ги поддржи нејзините аспирации за интеграција во ЕУ, рече Каракачанов.

Што се однесува до Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања, Каракачанов рече дека таа си ја работи својата работа и работите се одвиваат во вистинска насока.

– Нема што да делиме ние во историјата и да ги дефинираме противречностите меѓу двете држави. Но, тоа е тема која како што е познато има свое влијание и во бугарското и во македонското општество. Ние се разбираме и без преведувач, но тоа прашање сепак бара решение затоа што создава тензии меѓу луѓето. Сметам дека процесот се одвива во вистинска насока и да ги оставиме историчарите да работат на усогласување на ставовите, додаде Каракачанов. /МИА

Прес конференција во СЈО на Катица Јанева

Откако минатиот понеделник даде оставка која коинцидираше со објавувањето на аферата рекет, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во СЈО.

Таа ќе се обрати  на јавноста на прес конференција на која како што е најавено ќе даде само изјава.

Повеќе во видеото.

притисни ентер