Српската телевизија за искорнатото срце од Србин од Косово и кошмарите на Германец (ВИДЕО)

Српската телевизија најави дека наскоро почнува да се снима филм по мотивите на романот ,,Српско срце Јоханово”, во кое авторот Веселин Џелатовиќ вели дека раскажал вистински настан.

Филмот ќе биде во американска продукција и ќе биде на тема за насилството на Албанците врз Србите на Косово во 1998 и 1999.  Според српските медиуми , Албанците во таканаречената ,,Жолта куќа” му го искорнале срцето на Јован од местото Велика Хоча и го однеле во Германија , каде го купил богатиот Јохан Вагнер.

По пресадувањето , Јохан сонувал кошмари со црковни ѕвона , пшто го довеле во двор со кучиња. Германецот видел и постара жена во соништата , потоа млада жена , која заљубено гледа во момче кое трча.

Сонувал и како го носат врзан во колона со уште четворица Срби и еден Албанец. Авторот Џелатовиќ ја раскажува трагедијата на целото семејство , кое паднало како жртва на Албанците.

Германецот Јохан тргнал да ги бара луѓето кои ги сонувал , па во Албанија ја нашол и куќата во која на Јован му го извадиле срцето.

притисни ентер