Путин подготвен за состанок со Трамп на самитот Г20

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази подготвеност да се сретне со неговиот американски колега , Доналд Трамп.

Путин е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот Г20 , што ќе се одржи кон крајот на идниот месец во Јапонија.

Во понеделникот и Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со Путин на маргините на самиотот Г20.

Вчера, на средбата меѓу американскито државен секретар Мајк Помпео и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во Сочи , двајцата не се согласија во врска со ставовите на Вашингтон и на Москва по редица отворени прашања.

Единствено изјавија дека се подготвени нивните земји да ги градат меѓусебните односи.

притисни ентер