Само за колекционери – се произведе последниот класичен Смарт (ФОТО)

Смарт ќе стане целосно електрично возило , се разбира доколку производителот Дајмлер не се реши да го укине по поразителната продажба во 2018.

Во најлошата година за Смарт , минатата, овој симпатичен автомобил се продаде во само 1 200 примероци. Затоа Дајмлер целосно го повлече од САД и Канада , додека во другиот дел од светот планира да продава исклучиво верзија на електричен погон.

Но , и тоа е под услов доколку кинеските инвеститори го испочитуваат договорот. Сепак , само за колекционерите се произведени автомобили Смарт на бензин.

Оваа последна серија е наречена Final Collector's Edition и се произведени само 21 примерок, по еден за секоја година од постоењето на овој модел.

Овој Смарт ќе се појави во продажба во август , а цената за сега не е позната.

Видео: Билјард мајстор или чиста среќа?

На ова момче од Италија изгледа му тргна од рака, тој направи вистинска магија на билјард масата.

Погледнете го видеото и самите проценете дали се работи за вештина или пак за чиста среќа.

Како да ја одберете вистинската лубеница?

Најдобро да се разладите во летните горештини можете со лубеница, но прашање е како да ја одберете најдобрата?

За почеток тргнете ја од глава мислата дека мора да ја одберете онаа која изгледа најубаво а во понатамошниот текст прочитајте неколку совети за тоа како да ја одберете вистинската лубеница.

Жолта дамка

Ако на лубеницата приметувате светло жолта дамка, тогаш тоа е знак дека таа растела на земја и дека е зрела за јадење. Оние лубеници кој имаат бела наместо жолта дамка , веројатно не се најслатки во понудата.

Обрнете внимание на големината

Најдобро е да одберете лубеница со средна големина. Ниту преголема, ниту премала.

Подигнете ја

Лубеницата треба да тежи повеќе од тоа што го очекувате за нејзината големина.

Удирајте по кората

Удирајте по кората на лубеницата, зрелите лубеници имаат длабок у шуплив звук. Таквиот звук настанува кога лубеницата е полна со вода, што значи дека е зрела.

Машка и женска лубеница

Многумина не знаат дека лубениците можат да бидат машки или женски. Машките се поголеми, издолжени и со воден вкус. Женските се заоблени и многу слатки.

Зошто баш црвена, жолта и зелена?

Црвеното, жолтото и зеленото светло се универзално правило ширум светот.

Првиот семафор на  светот е поставен во Лондон во 1868. Година, тој бил со плински светилки и со него се управувало рачно. Овој семафор бил активен само навечер.

Принципот останал ист, само технологијата со текот на годините се менувала. Денешните семафори се осветлени со современи електрични светилки кои се економични.

Првиот семафор на струја бил воведен во Детроит, САД во 1912. година.Овој семафор имал само две бои, црвена и зелена. Бил ракуван од надлежен полицаец кој имал за задача на заѕвони на ѕвонче пред да ја промени бојата на семафорот како би ги предупредил пешаците.

До воведување на трета боја кај семафорите дошло во 1920. година исто така во САД.Полицаецот Вилијам Потс ја вовел третата боја на семафорот

Црвеното светло е избрано поради тоа што привлекува внимание.

Зелената боја првобитно на железниците била употребувана како знак за претпазливост, додека белата означувала „тргни“. Сепак белата е укината кога се увидело дека возачите можат да ја помешаат со улично светло. Затоа жолтата е прифатена како знак за претпазливост затоа што е повеќе приметлива од зелената а не е толку изразена како црвената.

притисни ентер