Полицијата најде оружје и муниција при претрес во дом на Битолчанец

Полицијата , по судски налог ,денеска пронајде големо количество оружје и муниција во дом на Битолчанецот со иницијали Д.Г.

Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г. (34)од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 "недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи" од Кривичниот Закон.

Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г(34)од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 "недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи" од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол,, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола,се наведува во соопштението на МВР.

Историско осмо место на Тамара со „Proud“ на Евровизија

Историска ноќ за Македонија во Тел Авив.Спектакуларен настап на нашата Тамара Тодевска во финалето на Евросонг 2019!

На фантастичната бина во Тел Авив во Израел, нашата Тамара блесна на сцената и сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната  „Proud“ ја освои публиката од цела Европа, Тамара првиот дел од гласањето на телевизиските жирија го заврши на втората позиција со 237 гласови ,со само два бода помалку од водечката Шведска.

Во гласањето од публиката добивме скромни 53 бода за на крајот да го оствариме најдобриот пласман во историјата на еден Евросонг, рекордното осмо место.

Песната „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Победник на годинешниот избор за песна на Евровиија е претставикот на Холандија Данкан Лоренс кој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..

Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.

Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на коридорот 10 кон Македонија

Отворена за сообраќај последната делница на јужниот крак на коридорот 10 низ Грделичка клисура чија градба траеше шест години.

Свеченоста заврши со спектакуларен огномет. „Можете да се гордеете со она што го направивте за вашите деца и нашата иднина“, порача српскиот претседател  Александар Вучиќ.

„Коридорот 10 е вистинска европска вредност на поврзување и на комуникации“, изјави премиерот Заев кој беше на свеченото отворање на автопатот.

Со отворањето на оваа делница,  Србија преку коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на  Македонија до границата со Унгарија.

Од Белград за Скопје ке се патува за 3,5 до 4 часа.

Македонско –грчкиот од експерти изврши детална ревизија на наставните планови и учебници по историја

На состанокт е договорена и методолигијата по која ќе се чешлаат учебниците.

Детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови и учебници по историја во двете земји, кои во најкус можен рок треба да биде ослободени од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци, утврдил македонско – грчкиот комитет. На состанокт е договорена и методолигијата по која ќе се чешлаат учебниците.

- Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот.

Проверката на учебниците стартуваше во ноември минатата година. На последната средба на македонско – грчкиот комитет, одржана минатиот мисец во грчкото МНР, беа утврдени заедничките чекори за ЕУ интеграциите.

Претходно, шефот на македонскиот тим  Виктор Габер по дводневниот состанок на македонско – грчкиот во март, рече дека треба да се избегнуваат непријатни формулации во учебниците и кај грчката и кај македонската страна, со цел правилно да се едуцираат новите генарации. И порача дека имало повеќе историски моменти што не зближуваат со грчката страна.

Заедничкиот Интердисциплинарен комитет треба да ги проучи учебниците и да дефинира временски рамки, за да се осигура дека од следната година ќе бидат отстранети сите наставни програми, кој содржат каков било иредентизам.

Согласно одредбите од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на двете земји.

притисни ентер