Страшна грешка- Полицаец од БиХ убил маж кој дошол на судење (ВИДЕО)

Правосудниот полицаец Младен Деуриќ уби денеска маж на влезот во судот во местото Власеница , во источна Босна.

Полицаецот веднаш е уапсен , а локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за несреќен случај. Полицаецот пукал во Мило Јевтиќ и му нанел смртоносна повреда од која по извесно време тој починал .

Тој влегувал во судот , каде требало да се одржи граѓанско рочиште. Според неофицијалните информации , полицаецот Деуриќ најверојатно си играл со пиштолот на влезот во судот и случајно испукал.

Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52) ,инаку  татко на три деца.

Полицаецот , иако осомничен за убиство во Власеница , пред три месеци почнал да работи како судски полицаец.

притисни ентер