Анѓушев на панел дискусија „Бизнис и дипломатија": Има сериозен простор за напредок и подобрување во сегментот на дипломатијата

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев учестувуваше на Панел дискусија на тема „ Бизнис и дипломатија".

Пред студентите и присустните на Универзитетот, за пристапот на Владата кон странските инвестиции, Вицепремиерот истакна дека бизнис дипломатијата е значаен канал и претставува битен елемент кон целокупниот моедл за воспоставување на одржлив економскиот раст и развој.

„Нашата дипломатија пред сè треба да биде ориентирана кон бизнисот. Ќе ги разгледаме сите аспекти во тој дел бидејќи нашата економија мора да биде отворена, како и што е случај со секоја мала земја. Ако зборуваме пред сè за индустрија, таа мора да биде извозно ориентирана и тука мислам дека бизнис дипломатијата треба да си го заземе своето место". изјави Анѓушев,

Вицепремиерот нагласи дека во Северна Македонија постои сериозен простор за напредок и за подобрување во овој сегмент, како и дека е значајно токму овој тип на панел дискусии каде младите луѓе имаат можност да дебатираат, да се слушне нивното мислење, особено затоа што има што да се научи и од нив.

ЈП Водовод и канализација апелира за разумно и рационално користење на водата

 ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира граѓаните на град Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата, односно да избегнуваат полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

-Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акции за исклучување на диви приклучоци, велат од јавното претпријатие.

Оттаму појаснуваат дека дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснадбување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена постапка за сторено кривично дело.

ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Претпријатието апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.

ОЈО: Парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

МВР: Регистрирани 169 прекршоци за неносење лична заштита на лице

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.07.2020 година) на територијата на Република  Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 169 прекршоци. 

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесeни од Владата со цел справување со Ковид -19.

притисни ентер