Фолксваген ја откри внатрешноста на новиот Голф

Најпродаваниот автомобил на компанијата Фолксваген со години не се менува драстчно , но новата осумка ќе има целосна трансформација.

На неодамнешниот состанок на акционерите е откриена внатрешноста на новиот Голф 8 , како и контурите на надворешниот изглед. Дигиталниот кокпит ќе биде иновативен со споен екран и таблата со покажувачите на брзина , сила и други информации за возењето.

Овој дел ќе биде и редуциран , така што ќе има доволно простор за средните вентилациски отвори , како и за прегради. редизајниран е и рачниот менувач ,како и воланот.

Премиерата на овој нов Голф е закажана во октомври .

притисни ентер