Фејсбук го ограничува live stream

Компанијата Фејсбук објави дека ќе ги заостри правилата за користење на својата услуга ,,live stream” , пред состанокот на првите луѓе на социјалните мрежи , каде ќе се бара начин за ограничување на насилството на интернет.

Ваквите нови правила Фејсбук ги воведува поради насилството и масакрот во џамиите на Нов Зеланд , каде терористот користеше live stream додека ги убиваше верниците.

Фејсбук ќе го ограничи користењето на live stream на лица кои претходно биле под дисциплинска постапка поради прекршување на какви било правила на страницата.

Првиот обид за прекршок ќе ја забрани услугата live stream на одреден период , а зголемен е и списокот на прекршоци.

притисни ентер