Новороденче пронајдено на тротоар во Топанско поле

Тукушто роденото машко бебе кое вчера беше оставено на  улица во Топанско поле е стабилно и во добра здравствена состојба, информираат од Клиниката за детски болести.

Бебебто вчера со возило на итната медицинска помош во попладневните часови било однесено на Детската клиника.

Било сосема голо, како и што било оставено во треват, и веднаш било ставено во инкубатор по што му била дадена и соодветна терапија, појаснува директорката на Детска клиника, Катаерина Ставриќ во телефонски разговор за Канал 5.

Вели дека новороднечето на свет најверојатно било донесено вечра. Лекарите тоа го утврдиле по папочната врвца, која била пронајдена во паркот каде што било оставено беспомошното бебе.

- Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 грама. Згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви.

Бебето било пронајдено од случаен минувач, кој го слушнал плачот и веднаш ја алармирал полицијата и повикал брза помош.

Од Детска клиника велат дека досега не се соочиле со ваков слчучај - тукушто родено бебе да биде оставено во крајно несоодветни услови на улица. Од полиција работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено сосема само во парк во Топанско поле.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер