Во почетокот на јуни ќе се знаат промените најавени со „метлата“ на Заев

Планот за реконструкција на Владата и смени во раководните позиции начелно готово, вели премиерот Заев.

 Најавува негова реализација до крајот на месецов по финални консултации со најблиските соработници и коалиционите партнери, очекува деновиве да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и  да се договорат за министерските смени. Вели токму  изминатите неколку денови одмор ги искористил за размислување за најавената операција „метла“.

„Се работи за неколку министри, заменици министри, за неколку директори се уште сме во фаза на размислување, концептот го имам кај мене... Овој период ќе го искористам за конечните консултации така што до почетокот на јуни ќе излеземе со промени на министерско ниво и директори на државни институции верувам дека до крајот на јуни ќе се пуштиме во вертикала односно во самите општини каде што државата е претставена со одредени државни институции ќе направам неколку промени и во политичката партија“, вели премиерот Заев.

Критериумите по кои ќе ги носи финалните одлуки кој ќе се најде на списокот за заминување се веќе дефинирани. Неисполнувањето на ветувањата, потфрлање во извршувањето на задачите, но и јасните укажувањата на Антикорупциска за судир на интереси и непотизам кај одредени функционери.

„Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Каде има влијание на одредни функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетативноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска“, вели претседателот на Владата.

Голем дел од министрите веќе се произнесоа по најавените промени. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој е посочуван во јавноста како кандидат за смена поради потфрлањето во реализацијата на капиталните инвестиции  вели не се чувствува загрозен.

„Искрено не очекувам. Меѓутоа  ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот  врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа“, смета Сугаревски.

Инаку, премиерот отсуството на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски ја правда со неможноста во претстојниот период да искористи одмор, кои вели му бил неопходен.

Заврши централниот одбор на СДСМ

Предмалку заврши состанокот на централниот одбор на СДСМ на кој разговараше за актуелни прашања во државата и партијата.

Повеќе информации во видеото.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер