Петмина загинати во сообраќајна несреќа кај населба Драчево

Трагите од крв и расфрланите делови од автомобил утринава сведочат за трагичната сообраќајна несреќа  која се случи  синоќа на булеварот Борис Трајковски на влезот во скопско Драчево, а во која загинаа тројца мажи и две жени.

Несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ кога автомобил Рено 5, со скопски регистарски таблички во кој се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента  на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад од Комуналната хигиена.

Според првичните информации, петтемина починале на лице место, додека возачот на камионот бил префрлен на скопските клиники, каде е задржан на понатамошно лекување.

Кои се причините за сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдува . Според МВР, загинатите се на возраст од 30 до 60 годишна возраст и не се во семејна врска.

Телата на починатите се предадени на обдукција, а ќе се врши и сообраќајно техничко вештачење.

притисни ентер