Перо Антиќ нов предводник на мак баскетот

Првиот и засега единствен Македонец во најсилното светско кошаркарско првенство, НБА лигата Перо Антиќ е новиот претседател на македонската кошаркарска федерација.

Капитенот на македонскиот национален тим од историскиот Евробаскет во 2011 Перо Антиќ, денеска на редовно изборно собрание едноглансо ја доби довербата од сите присутни делегатите за  во следните четири години да ја води македонската кошарка.

Антиќ кој со три освоени титули во Евролигата е најтрофејниот македонски кошаркар на меѓународната сцена  доаѓа на местото на  Петар Наумоски.

Изборното собрание на федерацијата делегатите го искористија и за да донесат одлука за промена на името на федерацијата  новото има на македонската кошаркарска федерација е Кошаркарска федерација на Северна Македонија.

Новиот предводник на мак баскетот Перо Антиќ  во промоцијата на својата програма истакна дека  со силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот  во својот мандат ќе работи на  враќање на  кошарката на вистинските патеки на успехот. Новиот претседател вети  многу повеќе пари за сите македонски екипи и многу посериозна работа во младинските селекции .

 Антиќ и неговите најблиски соработници уште на стартот на мандатот ќе имаат голем предизвик , ќе мораат да го вратат загубеното реноме на нашата најсилна селекција, која до пред само неколку месеци беше дури во дивизијата ц на европската кошарка.

  Најблиски соработници на Антиќ  во федерацијата ќе бидат неговиот соиграч од селекцијата легендарниот Тодор Гечевски, поранешниот кошаркар Владимир Георгиевски, некогашниот судија и делегат Гечевски .

Антиќ веднаш по изборот за претседател од делегатите побара  рок од две недели за избор на  членовите на највисокиот орган на федерацијата Управниот одбор.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „преживеа“ епскиот трилес и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Рим.

Ѓоковиќ го доби четврфиналниот трилер против Дел Потро со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 кој заврши во еден часот по полноќ.

Лидерот на АТП листата го победи  извонредниот Дел Потро во исклучително драматичен трилер кој траеше нешто повеќе од три часа.

Во нивниот 20 -ти меѓусебен дуел Ѓоковиќ по 16 пат во кариерата стигна до посакуваниот триумф.

На патот кон уште едно финале, противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим ќе биде уште еден Аргентинец, одличниот Диего Шварцман кој во четврфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори.

Навивачи претепаа фудбалер , кој случајно падна зад оградата (ВИДЕО)

Со клоци по телото и шлаканици , навивачите на англискиот клуб Портсмаут го претепаа фудбалерот на противничкиот тим Лук О’Нун.

Фудбалерот на Садерленд во натпреварот на англиската Премиершип лига , случајно падна преку оградата ,зад трибините. Домашните навивачи наеднаш почнаа со клоци и шлаканици да го удираат фудбалерот .

За среќа, О’Нун помина со полесни повреди.  Натпреварот заврши без голови , а тимот на садерленд помина понатаму поради претходната разлика од еден гол предност.

Оваа сезона , нападот над фудбалер од противнички навивачи е четврт во Британија.

Протест на навивачите на Рома: ,,Не си играјте со легендата !”

По 18 сезони , фудбалерот на Рома, 35- годишниот , Даниеле де Роси го напушта тимот.

Италијанскот фудбалер целата кариера му ја посвети на тимот , а управата реши да не му го продолжи договорот што истекува на 30. јуни. По објавувањето на оваа вест , навивачите на Рома излегоа на протест против управата на клубот. Под притисок на јавноста , управата се обиде да му го продолжи договорот, но тој одби.

Навивачите на Рома протестираа не само во Рим , туку и во Њујорк , Лондон и во Сиднеј. Во Рим навивачите пред просториите на управата, побараа оставка од претседателот на клубот, Џејмс Палота.

Навивачите на Рома веќе извесно време не го сакаат Палота и сметаат дека тој од клубот сака да направи компанија. Италијанските медиуми веќе пишуваат дека де Роси , кој цел живот го минал во клубот , се подготвува за трансфер во американскиот клуб МЛС.

притисни ентер