Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Тито Петковски

Вечерва разговараме со поранешниот спикер во законодавниот дом, екс-пратеник и лидерот на НСДП Тито Петковски.

Почитувани гледачи, продолжуваме да ги редиме деловите од сложувалката наречена САМО ВИСТИНА, а за тоа што е следно на македонското мени вечерва разговараме со поранешниот спикер во законодавниот дом, екс-пратеник и лидерот на НСДП Тито Петковски.

Колку блиску а колку далеку беа претседателските избори од епитетите „демократски и кристално чисти“? Колку желбата на Пендаровски за граѓанско помирување е остварлива?

Шест месеци по бегството на екс-премиерот Груевски, истрагата остана на „статус кво“ – Уште колку ќе се чека за да се одгатне оваа мистерија? Дали пратениците во Собранието ќе го соберат потребното двотретинско мнозинство за да му го одземат мандатот?

Претседателските избори поминаа, но не спласна тензијата меѓу власта и опозицијата да најдат НЗС за Законот за јавно обвинителство – Катица Јанева, пак, не се предава од обвинителското столче.

Дали долгото пазарење меѓу Заев и Мицкоски ќе донесе повеќе штета отколку корист за иднината на СЈО? Ќе бидат ли и бомбите вметнати како доказ во новиот закон?

Паметен ли е потегот „метлата“ прво да ја „подбере“ неефикасната администрација, па дури потоа да премине на повисоките слоеви? Му треба ли длабинско чистење на целокупниот политички систем?

Може ли македонската успешна приказна да биде крунисана со среќен ЕУ крај­? И вечерва следете не во стандардниот термин, гледајте САМО ВИСТИНА со Тито Петковски, само на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер