Казна за Претседателот на Словачка за криење на информации за изборна кампања

Андреј Киска ја оспори одлуката на Парламентарната комисија и ја оквалификува како политички мотивирана. 

Казната на Киска му е изречена поради криење на информации дека неговата изборна кампања во 2014 година била финансирана од фирма што е негова.

Киска, на кого претседателскиот мандат му истекува за еден месец, а има месечна плата од 13.000 евра, ќе мора да плати казна од 39.000 евра.

Претседателот ја оспори одлуката на парламентарната комисија и ја дефинираше како политички мотивирана. Намерата на киска е да го даде случајот на словачкиот Уставен суд. Тој е поддржан од парламентарната опозиција.

притисни ентер