Силен земјотрес во Папу Нова Гвинеја, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер ја погоди Папу Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод, пренесе АП.

Веднаш е издадено предупредување за опасност од цунами,засега нема податоци за евентуалните жртви и направената материјална штета.

Пацифичкиот центар за предупредување на цунами издал предупредување на основ на прелиминарните параметри на земјотресот, дека опасно цунами би можело да го погоди брегот лоциран на околу 1000 километри од епицентарот на земјотресот, пренесе Тас.

Според АП, епицентарот на силниот земјотрес со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер бил 45 километри североисточно од Кокопо на релативно мала длабочина од 10 километри.

притисни ентер