Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа како алтернатива на Евросонг

Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа како алтернатива на Евросонг, која деновиве  се одржува во Тел Авив.

 Настанот се одржа на урнатините од згради и други објекти, кои израелските авиони ги уништија за време на неодамнешните ескалации на судирите меѓу израелските војници и палестинските милитанти во Газа.

„Евровизискиот фестивал, чиј домаќин е Израел, е само димна завеса за бруталното кршење на правата на Палестинците“, рекол еден од организаторите, Камел Мусалам, кој додал дека Израел сака да го измами светот и да покаже дека е мирољубива земја.

притисни ентер