Албанија донесе одлука да ги укине работните дозволи за Албанците од Црна Гора и од Македонија

Кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама донел одлука да ги укине работните дозволи за Албанците од Црна Гора и од Македонија.

Тоа значи дека иако тие се граѓани на туѓи држави на пазарот на трудот во Албанија ќе бидат рамноправно третирани.

-Албанците од Црна Гора и од Македонија ќе го уживаат правото на вработување исто како албанските граѓани, освен доколку работното место е наменето исклучиво за албански државјанин и е регулирано со соодветен закон“, соопшти министерството за економија.

Министерот за надворешни работи, Гент Цакај изјави дека Албанците од Црна Гора и од Македонија сега ги имаат истите права кои претходно Тирана им ги овозможи на Албанците од Косово и од Прешевската долина.

притисни ентер