Загинати шест лица во две сообраќајки во Скопје

 Шест лица се загинати во две сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, каде се регистрирани вкупно шест незгоди од кои четири со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 15 возачи за брзо возење, а од сообраќај се исклучени 15 лица пред да се стекнат со прави за управување возило, како и 15 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени мерки на 65 возачи, а „пајакот" кренал 59 возила.

Полицијата изрекла санкции и на 18 возачи за зборување на мобилен, на шест за неправилно престројување и исто толку за неправилчно престигнување, на члетворица за поминување крстосница на црвено светло, на тројца за неносење сигурносен појас.

Снег на планинските превои, сообраќајот без забрани

 Снег утринава врне на Попова Шапка, Стража, Пресека и Маврово. 

Сообраќајот се одвива тековно, но по наместа влажни коловозим информира Авто мото сојузот на Македонија.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

На граничните премини утринава од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Вработените во јавниот сектор ќе чистат на 20 локации во Скопје

Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе се одработи неработниот ден од годинава, 2 јануари.

На секоја локација ќе има обезбедено екипи од градските јавни претпријатија, соодветни стручни служби и алат за да помагаат на луѓето кои ќе чистат.

Локациите на кои ќе се одвива акцијата се езерцето Треска во Сарај, Аквадуктот, СЦ „Борис Трајковски", Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден", Јужен булевар, „Бихаќка", Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо", Железничката и автобуската станица, улица „Џон Кенеди", кај Собранието, цела улица „Македонија", МКЦ и МТВ, касарната „Гоце Делчев", улица „Ферид Бајрам", улица „Александар Урдаревски", Европската очна болница, улица „Индустриска" во Гази Баба и целиот кеј на реката Вардар.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски посочи дека за успешно спроведување на акцијата ќе бидат задолжени раководителите на институциите, односно премиерот, министерите, градоначалниците и директорите на институциите што ќе бидат присутни на овие локации, а Град Скопје дополнително обезбедил и соодветна механизација за одредени локации.

До локациите што се наоѓаат малку подалеку од центарот на градот особено Аквадуктот и Сарај, ЈСП има обезбедено и превоз. За сите кои се вклучени во акцијата е обезбедена и соодветна опрема односно заштитни ракавици и вреќи.

Акцијата се организира во соработка со граѓанското здружение „Не биди ѓубре"

Трамп со остра реакција: Отповикувањето е срамно!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече денеска процесот на отповикување измама и дека нема да му пречи долгото судење во  Сенатoт, додавајќи дека тој би сакал да го види свиркачот поради чии поплаки демократите го иницирале отповикувањето. 

Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа откако Судскиот комитет во Претставничкиот дом одобри две обвиненија против него, Трамп го осуди процесот и го нарече „срамен“ и рече дека Демократите го тривијализирале инпичментот.

„Тоа е многу тажна работа за нашата земја, но изгледа дека ќе биде многу добро за мене“, изјави Трамп.

„Повлекувањето е измама. Срамно е“, додаде тој.

Одборот во кој мнозинство имаат Демократите денес ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструирање на истрагата на претседателот Доналд Трамп и тој скоро сигурно ќе стане третиот претседател во историјата што ќе биде отповикан.

Судскиот одбор со 23 гласа „за“ и 17 „против“ го усвои обвинението против Трамп за злоупотреба на службената должност наводно вршење притисок врз Украина да го испита Jо Бајден, негов можен ривал на изборите во 2020 година.

Комитетот исто така го одобри второто обвинение за спречување на истрагата на Конгресот за аферата со тоа што Трамп ги повикал поранешните и сегашните членови на администрацијата да не соработуваат во истрагата.

Целиот Претставнички дом, каде демократите имаат мнозинство, треба да го одобрат обвинението следната недела, со што ќе се стави крај на истрагата за отповикување и испраќање на Трамп на судење во наредните недели.

Американскиот претседател рече дека е отворен за краткотрајно или долготрајно судење во Сенатот, што треба да започне во јануари.

„Ќе направам што сакам. Ќе го сторам тоа долго или кратко“, рече Трамп. „Не би ми пречел долгиот процес затоа што би сакал да го видам свиркачот што ја кажал оваа измама“.

Веројатно е дека Сенатот во кој доминираат Републиканците нема да го прогласат претседателот виновен за да го отповикаат од функцијата.

притисни ентер