Помпео и Лавров се согласија дека речиси во ништо не се согласуваат

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и неговиот руски колега , министерот за надворешни работи , Сергеј Лавров се согласија дека немаат исти ставови по низа прашања .

Помпео и Лавров на состанокот во Сочи речиси и да немале заднички став по ниту едно глобално прашање. На состанокот Помпео ја предупредил Москва да не се меша во претседателските избори во САД во 2020. По повеќе од три часа билатерална средба , Помпео и Лавров на прес конференцијата ги изнеле своите различни ставови , но и додале дека има скромен напредок и желба за подобрување на односите меѓу двете земји.

,,Разговорот беше искрен и корисен . Се согласивме во важноста за поставување комуникациски канали. Во последно време беа замрзнати , глано поради неоснованите обвинувања против нас.” , рече Лавров.

,,Имавме искрен разговор за многу проблеми ,  вклучително и за прашањата околу кои не се согласуваме. САД се подготвени да најдат заеднички јазик со Русија се ддоека двете страни не почнат заеднички да ги решаваат тие прашања.” , изјави Помпео.

Во врска со вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016 , Лавров рече дека тоа е чиста фикција , додека Помпео му се закани во 2020 да не се обидуваат да се мешаат во изборите.

Рускиот шеф на дипломатијата изрази надеж дека веста за праќање 120 000 американски војници на Блискиот исток се само неосновани шпекулации , додека Помпео истакна дека САД нес е обидуваат да почнат војна со Иран.

Немаше согласност ниту по прашањето за Украина и уапсените морнари , а за Венецуела Помпео нагласи дека без оглед што е сојузник на Русија , Николас Мадуро мора да си замине од власт.

АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција

 Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг  што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона.

 Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.

Од АЕК за МИА изјавија дека од наша страна сме подготвени првичното поевтинување на услугите да почне од 1 јули годинава. Чекаат известување од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Според предлогот на АЕК,  првата година по влегување во сила на меморандумот  цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти.  Конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра, една година подоцна 0,45 евра, а од јули 2021 година  0,20 евра. Процентуалното намалување на цената за појдовни повици во малопродажба, пак, во првата година би било 77 проценти. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра, во јули следната година  да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра.  Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра, а 0,08 евра, односно 0,06 евра од 2020 односно 2021 година, а за добиените пораки ќе бидат бесплатни. Кај пораките по првата година цените би се намалиле за 69 проценти. 

Формирано координативно тело, се чека да завршат процедурите од грчката страна

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

– Двете регулаторни тела веќе воспоставија комуникација и го формираа координативното тело од двете институции кое што ќе работи на реализација и имплементација на одредбите од Меморандумот.

Земајќи ги во предвид сите околности Агенцијата ги извести колегите од регулаторот за

електронски комуникации во Грција дека од наша страна можеме да започнеме со првично

намалување на цените на роаминг услугите започнувајќи од  јули 2019 година. Притоа Агенцијата ги зема во предвид минималните рокови пропишани со Законот за електронски комуникации за јавна расправа од 30 дена на Одлуката која што треба да ја донесе Агенцијата за намалување на цените на роаминг услугите, како и времето неопходно за да се направат измени на Законот за електронски комуникации со цел да се даде надлежност на Агенцијата да донесе ваква Одлука, велат од АЕК.

На нивниот предлог и динамика за примена на меморандумот, колегите од регулаторот во Грција ги известиле дека меморандумот се уште не е влезен во сила и оти се уште од нивна страна не се завршени сите национални процедури за да може да стартува примената. Им најавиле дека ќе ги известат најбрзо што може откако ќе се создадат неопходните предуслови.

– Согласно член 10 од Меморандумот, тој ќе влезе во сила откако двете страни по дипломатски канали ќе известат помеѓу себе дека се завршени сите национални процедури за Меморандумот да може да влезе во сила. Имајќи во предвид дека наметнувањето на обврските на операторите за намалување на малопродажните и големопродажните цени за роаминг услуги во двете земји мора да бидат засновани на реципрочна основа и истите треба да бидат временски синхронизирани, понатамошните активности на Агенцијата ќе бидат усогласени со динамиката на создавањето на неопходните услови за имплементација на Меморандумот во Грција, појаснуваат од АЕК за МИА.

Роамингот во регионот од јули  ќе поевтини за 50 до 70 проценти

Согласно со Спогодбата  за укинување на роамингот во западен Балкан, потпишана помеѓу државава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, од 1 јули годинава до јуни 2021 кога цените за роаминг услугите ќе исчезнат, се воведува преоден или транзитен период во кој операторите за роаминг услугите ќе може да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Тој дополнителен надомест не може да биде поголем од околу три денари (0,05 евра) за роаминг појдовни повици. Додека пак малопродажната цена за влезните роаминг повици ќе биде околу 2,5 денари во првата година започнувајќи од 1 јули годинава, односно околу 1,5 денари во втората година започнувајќи од 1 јули 2020 година. Слични намалувања на роаминг услугите се очекува и за СМС пораките, со тоа што излезните СМС пораки нема да бидат поскапи од 3,7 денари, додека влезните СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Ваквата спогодба ќе придонесе до намалување на цените за роаминг повици во просек од 50 до 70  проценти уште во првата година од нејзиното имплементирање споредено со сегашните цени на регулираните малопродажни роаминг повици со четирите земји потписнички на Спогодбата за намалување на роаминг услуги од септември 2014 во Будва.

Историско осмо место на Тамара со „Proud“ на Евровизија

Историска ноќ за Македонија во Тел Авив.Спектакуларен настап на нашата Тамара Тодевска во финалето на Евросонг 2019!

На фантастичната бина во Тел Авив во Израел, нашата Тамара блесна на сцената и сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната  „Proud“ ја освои публиката од цела Европа, Тамара првиот дел од гласањето на телевизиските жирија го заврши на втората позиција со 237 гласови ,со само два бода помалку од водечката Шведска.

Во гласањето од публиката добивме скромни 53 бода за на крајот да го оствариме најдобриот пласман во историјата на еден Евросонг, рекордното осмо место.

Песната „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Победник на годинешниот избор за песна на Евровиија е претставикот на Холандија Данкан Лоренс кој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..

Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.

Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на коридорот 10 кон Македонија

Отворена за сообраќај последната делница на јужниот крак на коридорот 10 низ Грделичка клисура чија градба траеше шест години.

Свеченоста заврши со спектакуларен огномет. „Можете да се гордеете со она што го направивте за вашите деца и нашата иднина“, порача српскиот претседател  Александар Вучиќ.

„Коридорот 10 е вистинска европска вредност на поврзување и на комуникации“, изјави премиерот Заев кој беше на свеченото отворање на автопатот.

Со отворањето на оваа делница,  Србија преку коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на  Македонија до границата со Унгарија.

Од Белград за Скопје ке се патува за 3,5 до 4 часа.

притисни ентер