Ново откритие за да се утврди дали има вонземјани на Европа (ВИДЕО)

Научниците открија постоење на аминокиселини на Европа , месечината на големата планета Јупитер.

За да се открие постоење на живот во вселената , научниците го бараат решението во аминокиселините. Така , во подземните океани на ледените месеци Европа и Енчелада најверојатно има аминикиселини што би биле био знаци за живот на овие сателити.  

Проблемот е во тоа што аминокиселините не може да настанат со геолошки процеси , па за астробиолозите е од голема важност да утврдат како тие настанале и од каде доаѓаат.

На универзитетот Корнел веќе прават истражувања со кои ги исклучуваат аминокиселините настанати при формирањето на Сончевиот систем. ,,Аминокиселините се градежен материјал на протеините , односно главни во хемискиот состав на животот каков што го знаеме.”, вели раководителот на проектот , професорот Нгок Труонг.

Мисиите што ќе бараат живот на Европа не се далечна научна фантастика. НАСА планира во 2023 да лансира летало кое би било во потрага по аминокиселини , однсно живот во овие делови на Сончевиот систем , на сателитите на Јупитер.

Научниците сметаат дека под смрзнатата површина на месечината Европа , која е нешто помала од нашата Месечина , има океан во течна состојба , а предизвик е да се испита дали во него има живот.

Леталото на секои две недели би правело круг околу Јупитер , а при секој прелет над Европа ќе сними материјал со висока резолуција , ќе го испита нејзиниот состав и структурата на ледената прекривка.

притисни ентер