Опел го претстави новиот хибриден модел (ВИДЕО)

Опел го претстави новиот Грендленд , како дел од ребрендирањето на некогаш германската , а сега француска компанија.

Но , без разлика на ребрендирањето , Опел бележи раст , а сега и најавува нов плаг-ин хибрид Грендленд Х . Исто како и на моделите на Пежо 3008 и 508 , и тука изведбата е наречена Хибрид4 , а со погон на сите четири тркала носи сила од 300 Кс.

Ја добива од 1.6 турбо бензинецот и тоа 200 Кс како и од два електромотора , секој со 109 Кс. Автомобилот може автономно да вози 50 километри , со просечна потрошувачка на бензин од 2,2 литри на 100 км.

Почетокот на продажбата на електрифицираниот кросовер се очекува за неколку недели , а првите примероци ќе бидат видени на патиштата на почетокот на наредната година.

притисни ентер