,,Очајната домаќинка “ призна дека плаќала поткуп- обвинителот бара затворска казна

Американската актерка Фелисити хафман , позната по една од главните улоги во серијата ,,Очајни домаќинки “ , пред судот денеска призна дека давала потлуп за ќерката да се запише на елитен универзитет.

Хафман , целата во солзи во судницата во судот во Бостон призна дека е виновна , а раскажа и како ќерка и имала тешкотии со учењето за време на средното образование. Од обвинителството најавија дека ќе бараат од четири до десет месеци затвор за актерката , како и 20 000 долари парична казна.

Велат дека поради признавањето на вината се благи кон Хафман и дека нема да ја гонат за перење пари , како што ќе ја гонат актерката Лори Лафлин , исто така обвинета во овој случај. Казната на Хафман би требало да и биде изречена во септември.

Таа е една од 24 обвинети , кои ја признале вината во овој случај , во кој бројни лица од јавниот живот на САД , плаќале мито за нивните деца да се запишат на елитни универзитети , иако имале слаби резултати на приемните тестови. 

притисни ентер