Фото: Дејан Станковиќ во Куќата на славни на Интер!

Легендата на европскиот фудбал, Србинот Дејан Станковиќ од денеска и официјално е член на Куќата на славни на италијанскиот гигант Интер.

Станковиќ  дресот на Интер го носеше од 2004 до 2013 година , со црно сините од Милано легендарниот фудбалер освои 5 Скудета, 4 Купа на Италија,во 2010 го подигна и трофејот во Лигата на шампионите,а има и четири Суперкупа на Италија е едно Светско клупско првенство на ФИФА.

За Интер одигра 239 натпревари на кои постигна 42 гола.

Клубот од „Џузепе Меаца“ втора година во низа воведува нови свои легенди во Куќата на славни.

Минатата година дел од Куќата на славни на Интер станаа Валтер Зенга, Хавиер Занети, Лотар Матеус и Бразилецот Роналдо. Годинава таа чест ја добија Франческо Толдо, Џакинто Факети и Џузепе Меаца.

Големата шампионка Серена Вилијамс декласирана, Симона Халеп на тронот на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на годинешното неофицијално светско првенство во тенис, Грен слемот во Вимблдон.

Во големото финале феноменалната Халеп за само 57 минути игра од централниот терен во Вимблдон ја збриша големата шампионка Американката Серена Вилијамс победувајќи ја експресно во два сета со 6-2 и 6-2.

За Симона Халеп по титулата на Роналд Гарос ова е вториот трофеј од Грен слем турнирите. Легендата на светскиот тенис Серена Вилијамс попладнево не успеа да го подигне својот осми пехар во Вимблдон.

КК „Кожуф" единствен кошаркарски клуб во Гевгелија

Гевгелија е вистински кошаркарски град кој минатата сезона имаше два клуба кои се натпреваруваа во Првата државна лига, доби шампион во БИБЛ лигата и беше домаќин на кошаркарскиот Куп.

 Со сопственикот и спонзорот на КК „Блокотехна" постигнавме договор во наредната кошаркарска сезона Гевгелија во Првата кошаркарска лига да ја претставува само КК „Кожуф" кој ќе настапува значително зајакнат организациски и во поглед на играчкиот состав, информираше на денешниот брифинг со новинарите градоначалникот Сашо Поцков.

– Гевгелија е вистински кошаркарски град кој минатата сезона имаше два клуба кои се натпреваруваа во Првата државна лига, доби шампион во БИБЛ лигата и беше домаќин на кошаркарскиот Куп. Констатиравме дека ваквата традиција можеме да ја продолжиме и да постигнеме уште подобри резултати само со единствен кошаркарски клуб, рече Поцков.

За постигнување подобри резултати неопходни се и дополнителни финансиски средства поради што Поцков организирал средба со најголемите компании од општина Гевгелија од кои побарал поддршка за остварување на целта и задржување на гевгелискиот спортски бренд.

Текстилната компанија „Ноел" која беше сопственик и единствен спонзор на КК „Блокотехна" најави дека финансиски и организациски ќе го поддржи единствениот кошаркарски клуб „Кожуф" и оти дополнително ќе одлучи дали „Блокотехна" ќе продолжи да се натпреварува или пак местото во Првата лига ќе го отстапи на друг клуб.

Де Лихт се поблиску до Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион  Јувентус добива огромно засилување?

Капитенот на Ајакс Матијас де Лихт е се поблиску до трансфер во Торино, откако  раководството на Јуве одлучил да ја зголеми понудата.

Според „Газета дело Спорт“ , Ајакс одбил 67 милиони евра со барање за повисока понуда  вредна 75 милиони. Сега се очекува раководството на италијанскиот гигант да ја прифати бараната сума.

19- годишниот  Де Лихт која игра на позицијата стопер претходно ги договори личните услови со Јувентус и стави потпис на пет годишен договор , според кој ќе има годишна плата од 9 милиони евра, без бонуси.

До крајот на неделава би требало Ајакс и Јувентус да постигнат договор, а Де Лихт да ги изврши лекарските прегледи во Торино.

Летово еден од најголемите светски таленти ги одби понудите на Барселона и Пари Сен Жермен.

притисни ентер