Јанева: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за мое разрешување ниту држи вода, ниту е на место и нема основ

Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева.

Јанева: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за мое разрешување ниту држи вода, ниту е на место и нема основ

Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?

Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО.

Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа".

-Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, рече Јанева.

Таа истакна дека согласно Законот за СЈО мандатот и истекува во септември, додавајќи дека доколку сега се донесе нов закон не и истекува мандатот на 15 септември.

-Ако моето место оди на реизбор, тогаш тоа е нормална работа што е демократско право во секоја држава, нагласи Јанева и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител. /МИА.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави го договараат текстот на заедничката изјава по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, изјави за РИА Новости извор запознаен со преговорите.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

„Усогласувањето е во тек“, рече изворот, појаснувајќи дека станува збор за заедничка изјава.

Преговорите за делегација траат повеќе од 12 часа. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, изјави дека претставниците на Русија и на САД ги завршуваат преговорите во Ријад, пренесе Скај Њуз.

Експертскиот состанок меѓу рускиот и американскиот технички тим започна утрово, а се одржува зад затворени врати во хотел.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на темата Црноморска иницијатива, која била предмет на разговор и при последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“...

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата...

Таму е Дејан Трајковски... Дејан, кои се пораките и барањата на граѓаните?

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи.

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната.

Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори.

„Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.

Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност.

„Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто.

Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.

притисни ентер