УЕФА ќе бара исклучување на Сити од ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) наскоро ќе побара исклучување на Манчестер сити од Лигата на шампиони поради кршење на финансискиот фер-плеј, но и многу други спорни зделки, наведува „Њујорк тајмс“.

Веќе неколку месеци англискиот првак е предмет на истрага на регулаторните тела на УЕФА кои пред две недели се сретнаа во Нион за да ги донесат заклучоците од истрагата.

Конечната одлука на јавноста ќе им ја соопшти раководителот на истрагата, поранешниот белгиски премиер Ивес Латерн, кој се очекува да побара најмалку едногодишно исклучување на Сити од европските натпреварувања, но се уште не се знае со сигурност на која сезона би се однесувала казната.

Доколку предлог за санкции кон англискиот првак биде прифатена, истиот би бил голем удар за сопственикот на Сити, шеикот Мансур, кој последниве 10 години вложил милијарди евра во засилувања, плати за играчите, персоналот и инфраструктурата на клубот.

Сепак, доколку УЕФА одлучи да ги усвои санкциите, Сити сигурно ќе го искористи правото на жалба ако знаеме дека англискиот првак ги отфрли обвинувањата на адреса на нивниот клуб како невистинити.

Трагедија во Боливија- судијата почина среде натпревар (ВИДЕО)

Боливискиот фудбалски судија , 32- годишниот Виктор Иго Хуртадо почина вчеравечер на прволигашкиот натпревар меѓу Олвес Риди и Ориенте Петролер. 

Судијата Хуртадо во 54. минута на натпреварот паднал на теренот , по што му била пружена лекарска помош. Итно бил префрлен во болница , но не успеале да го спасат. Точната причина за смртта ќе ја покаже обдукцијата , но се смета дека судијата починал од срцев удар.

Оваа трагедија го отвори повторно прашањето за условите за играње фудбал , бидејќи стадионот во местото Ел  Алто е на најголема надморска височина на светот , на 4 150 метри , каде нема доволно кислород и фудбалерите се под посебен напор.

Надал ја освои 34-та Мастерс титула

Надал во финалето го победи Ѓоковиќ.

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата. Во финалето Надал го победи Новак 1:2 (0:6, 6:4, 1:6)

За Шпанецот денешниот трофеј е негов јубилеен десетти од Мастерсот во Рим, а прв во оваа сезона и сигурно е добра најава пред претстојниот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „преживеа“ епскиот трилес и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Рим.

Ѓоковиќ го доби четврфиналниот трилер против Дел Потро со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 кој заврши во еден часот по полноќ.

Лидерот на АТП листата го победи  извонредниот Дел Потро во исклучително драматичен трилер кој траеше нешто повеќе од три часа.

Во нивниот 20 -ти меѓусебен дуел Ѓоковиќ по 16 пат во кариерата стигна до посакуваниот триумф.

На патот кон уште едно финале, противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим ќе биде уште еден Аргентинец, одличниот Диего Шварцман кој во четврфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори.

притисни ентер