Водителката на Евросонг, Бар Рефаели обвинета дека не платила 2 милиона евра данок

Израелскиот модел Бар Рефаели, водителка на овонеделниот Евросонг во Тел Авив, и должи на државата околу 2 милиони евра неплатен данок, објави синоќа суд во Израел.

Таа ќе мора да плати 30.000 евра судски трошоци, објави израелското Министерство за правда.

Рефаели е обвинета дека не ги пријавува во целост своите милионски заработки во Израел и во странство.
Супермоделот изјави дека во спорниот период од 2009 година, не престојувала во Израел.

Таа наводно плаќала многу ниска наемнина за својот скап стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил и бил даден за нејзината работа.

Бар Рефаели е најпозната по врската со актерот Леонард  Ди Каприо.

притисни ентер