Бугарскиот ултрамаратонец Красимир Георгиев трча по Коридорот 8

Општина Кирва Паланка е еден од градовите што се дел од рутата на познатиот бугарски маратонец, Красимир Георгиев, која месецов ја минува како иницијатива за ултра маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија.

Целта на Георгиев е промовирање на пан-европскиот транспортен Коридор 8, како и промовирање на добрососедската политика и унапредените добрососедски односи меѓу трите балкански земји, а проектот го започна на 7 мај од Црното Море и ќе трае до  25 мај.

Од локалната самоуправа информираат дека Крива Паланка како град што претставува источна порта кон Европската унија и град низ кој минува Коридорот 8, неизбежно се најде на мапата на движење на овој маратонец.

Општинските власти апелираат до сите спортисти и љубители на ова спортска дисциплина, симболично да се приклучат на патот на Георгиев кој во Крива Паланка ќе пристигне на 15 мај, ќе преноќи во манастирскиот комплекс „Св Јоаким Осоговски", а во утринските часови ќе го продолжи својот пат.

Мотото на ултра-маратонот е „Поврзување” и истиот е под покровителство на премиерите на Бугарија,  Бојко Борисов,на Северна Македонија, Зоран Заев и на Албанија,Еди Рама, и има цел да ја промовира важноста на проектот за транспорт низ Коридорот 8 и добрососедската политика на овие лидери.

Со ултра-маратонот Георгиев, од Црното море до Јадранското Море, ќе мине низ 20 градови, а рутата е со вкупна должина од  1.300 километри.

Целта е во Драч, каде на 25 мај е предвидено да се сретнат тројцата премиери.

Георгиев ги поддржува заедничките напори на трите земји за исполнување на инфраструктурниот проект преку Коридорот 8, кој ќе донесе серија придобивки за Западен Балкан и ќе ги поврзе трите соседни блакански земји . Маратонецот  се надева дека ќе привлече многу ентузијасти во својата нова авантура кои ќе му се придружат на патот на поврзување и обединување, кон вредностите што заеднички ги делиме на патот кон Европската Унија. 

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

НАСА истражува прв случај на вселенски криминал

НАСА истражува прв случај на злосторство во вселената.

Американската астронаутка Ан МекКлеин наводно додека престојувала на Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на својата поранешна партнерка, Самер Ворден.

Самер се пожалила на властите , а НАСА ја вратила МекКлеин назад на Земјата. Астронаутката за американските медиуми раскажува дека само сакала да ја провери сметката за да види дали има доволно пари за домаќинството и за грижа за нивниот син , кого заедно го чувале додека биле во врска.

Мек Клеин признава дека влегла во сметката , но дека немала лоши намери. Мек Клеин и Ворден биле во брак од 2014 , а во 2018 Ворден побарала развод.

Мек Клеин ја завршила престижната воена академија Вест Поинт и била воен пилот во Ирак. Таа како астронаут помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица , а беше во конкуренција и да биде првата жена која ќе се прошета низ вселената.

Избран најубавиот маж за 2019 , има IQ 181 (ВИДЕО)

Британецот Џек Хаселвуд (27) ја понесе титулата најубав маж за 2019 на вчера одржаниот натпревар , на кој учествуваа претставници на уште 70 земји.

Освен што е убав , Џек е и исклучително интелигентен со коефициент од 181 , а работи како инженер за авиосообраќај.

"Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка", рече најубавиот маж на светот.

Покрај студиите, Џек со години се занимава со манекенство заедно со своите две сестри, кои исто така се модели. Затоа, логично беше учеството во натпревар кој се одржува на секои две години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

On Business Class to Manila with 1 short stop in Dubai. #Emirates #MrWorld #MrWorldEngland

A post shared by Jack Heslewood (@mr.world.england.2019) on

Од друга страна, тој од секогаш бил многу заинтересиран за технологијата.

"Џек имаше електричен велосипед на возраст од пет години и беше многу заинтересиран за машини и технологија. Веќе во основно училиште, тој беше заинтересиран за науката, постојано дизајнираше скутери и измислуваше плочки за лебдење. Ние постојано се шегувавме дека тој ќе биде иноватор еден ден". рече неговата мајка Кери, фалејќи го својот син дека сака  предизвици и авантурите и дека е љубезен, добро воспитан и забавен.

Џек е првиот Британец што ја понел оваа титула. 

притисни ентер